Охрид дел од Меѓународна асоцијација поврзана со европските вредности на делото на Светите Кирил и Методиј

Од:

По неодамна воспоставената меѓународна соработка со регионот Злин од Моравија, општина Охрид стана редовен член на Меѓународната асоцијација „European Cultural Route of St. Cyril and Methodius” со седиште во Чешка.

Асоцијацијата има за цел развој на туризмот, културата, соработката, истражувањето и образованието, подготовка на заеднички европски партнерски проекти, како и развој на културната рута на Св. Кирил и Методиј, како активност што е предвидено да опфаќа голем број на земји од Европа и чија реализација ќе се одвива во етапи.

Придружувањето на Охрид во Асоцијацијата се случи пред три дена на првиот состанок на Генералното собрание на асоцијацијата и Меѓународна конференција во Чешка, на која присутвуваа претставници на региони и организации од Чешка, како и официјални претставници од други европски држави членки, меѓу кои и на Општина Охрид.

Членството на Охрид кон Асоцијацијата поврзана со европските вредности на делото на Светите Кирил и Методиј, според локалната самоуправа, е уште една потврда на културните вредности на Охрид кој пред повеќе од три децении е прогласен за светско наследство и е под заштита на УНЕСКО. Според најавите Меѓународната асоцијација во иднина ќе се проширува со нови членки односно и други европски држави кои се поврзани со делото и мисијата на Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Шопен под отворено небо со Дино Имери