Одбележување на 27 Март – Светски ден на театарот

Од:

По повод 27 Март, Светскиот ден на театарот, Факултетот за драмски уметности и НУ Драмски театар од Скопје денеска организираат  богата програма.

Факултетот за драмски уметности прославата ќе ја отвори со читање на светската и македонската порака по повод Светскиот ден на театарот, а ќе продолжи со маратон од студентски испитни претстави на студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Прославата, која се одбележува нтрадиционално, ќе се одржи на Академската сцена на Факултетот со почеток во 12 часот, а во неа ќе се вклучат и студенти од Факулетот за ликовни уметности и од Факултетот за музички уметности со своја изложба и концерт.

Драмскиот театар, пак, ќе го одбележи денот со изведба на неколку претстави, а ќе се одржат и промоции на книги и ликовни изложби.

Како што соопшти Драмски театар, програмата започнува во 11:30 часот со промоција на книги за деца на Матица Македонска – Матица за мали. Во 12 часот ќе биде изведена претставата „Капетанот Џон Пиплфокс“ (претстава за деца); во 14:30 часот ќе следи отворена читачка проба на претставата „Човекот без рака“ од Мартин Мекдонах во режија на Синиша Евтимов; во 16 часот ќе има читање (оживување) на познатиот македонски стрип „Ајвармен“; во 17 часот се одржи изложба на грамофонски плочи „Ретки, уникатни и вредни винили“; а во 17:30 часот е опредлен за слушање на Гершвин на бакелитни плочи.

Во 19 часот ќе биде изведена претставата „Човекот кој го изеде светот“ во режија на Билјана Радиноска; во 21 часот ќе има промоција на книги за возрасни од Матица Македонска – Матица за големи; во 21:15 ќе  се слушаат „Стари рокери на стари носачи на звук“. Во 22 часот ќе биде изведена претставата „Секс, дрога и рокенрол“ во режија на Ристо Алексовски и во 23:30 часот е предвидена забава.

Во текот на целиот  ден ќе бидат поставени две изложби – на Благојче Наумоски – Бане и Филип Кондовски Магу.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска