Од утре Скопје, по 32 пат, ќе го живее џезот

Од:

Британско-словенечкиот тандем Еван Паркер и Златко Каучич и Британците Гет д’ Блесинг утре вечер ќе го отворат 32. Скопски џез фестивал.

,,Првите два дена ќе се одржат во салонот на Македонската опера и балет. Првата вечер е посветена на британскиот џез и е поврзана со 20-годишнината од македонско-британското пријателство. За таа цел ,првпат доаѓа еден од најистакнатите современи џезери во светот, саксофонистот Еван Паркер, кој ќе настапи со словенечкиот интернационалец Златко Каучич. Втората група е Гет д’ Блесинг, која последните години беше неколку пати прогласувана за најдобра во Англија и и припаѓа на помладата англиска генерација,, -изјави директорот на фестивалот Оливер Белопета.

На втората фестивалска вечер ќе настапи дуетот Сидсел Ендресен и Стиан Вестерхаус од Норвешка, а потоа и американскиот квартет Аберкромби.

Во сабота ќе биде балканската премиера на проектот „Балкан фивер“ со Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов кои ќе настапат со Македонската филхармонија под водство на австрискиот диригент Кристијан Јарви, а в недела ќе гостуваат џез-иконата Роско Мичел со своето трио и легендарната џез-пејачка Касандра Вилсон со бендот Хариет Тубман.

На последната вечер публиката ќе го слушне парискиот трубач со либанско потекло Ибрахим Малуф, кој доаѓа со осумчлена група и ќе го претстави својот проект „Илузија“, а по него ќе настапи Англичанецот Дејв Холанд, еден од најдобрите басисти во историјата на џезот.

Би можело да ве интересира

Ќе се уредува нов простор за НУ Оркестар за џез-музика

Дводневен Џез фестивал во Куманово

Ана Ололовска

„Мала Италија патува” на платото пред НОБ

Ана Ололовска

Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест“ во Тетов

Ана Ололовска

Четвртото издание на „Џез фест“ започнува да се одржува вечерва во Тетово

Ана Ололовска

Ресенски џез вечери по четврти пат