Обука на библиотекари за услужување лица со тешкотии во читањето

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во соработка со Народната биболиотека на Србија, а под покровителство на Министерството за култура, денеска организира семинар за усовршување на библиотекарскиот кадар за услужување лица со тешкотии во читањето, односно на кои не им е достапен стандардниот печат – слепи, слабовидни, со дислексија, дисграфија, глуви и наглуви, лица кои не можат да ја држат книгата в раце итн.

-Обуката ќе овозможи библиотечниот персонал од Националната библиотека и од другите градски и локални библиотеки во Република Македонија – учесници на семинарот да се запознаат со тоа кои лица спаѓаат во категоријата корисници со тешкотии во читањето на стандардниот печат; со достапните формати и издаваштво во пристапни формати; со видовите пречки со кои се соочуваат корисниците со оштетен вид и другите лица со тешкотии во читањето; пристапност на информациите и публикациите на
корисниците со тешкотии во читањето; помошната технологија (уреди, софтвери и помагала за читање и пишување); позитивна практика во давањето услуги на лицата со тешкотии во читањето и др.), наведува НУБ.

Во декемеври 2011 во НУБ „Св.Климент Охридски“ беше пуштен во употреба библиотечен Центар за слепи и слабовидни лица, со цел да им се овозможи поцелосно и поефективно учество и вклучување во општеството на повеќе од 2500 слепи лица и поголем број лица со тешки оштетувања на видот. Слепите и слабовидните лица таму користат материјали со културни, образовни и други содржини во пристапни формати. Центарот располага со опрема за печатење книги со Брајово писмо и за издавање аудиокниги.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека

Романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе објавен на македонски јазик

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска