Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Од:

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска и утре ќе се одржи вториот Форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина, како дел од меѓународната годишна програма на Министерството за култура на Република Северна Македонија и годишната програма на културни настани на Град Скопје.

Како што информираат од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, на настанот ќе бидат претставени национални, градски, универзитетски библиотеки од земјите членки на унијата потписнички на Декларацијата за културна соработка, како и претставници од библиотеките од земјава.

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје е членка на „Библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина“ од 2018 година кога беше одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу НР Кина, во Градската библиотека, каде се наоѓа Секретаријатот на Библиотечната унија.

Библиотечната унија е дел од меѓународната соработка на Унијата на земјите од ЦИЕ и НР Кина и центарот за културна соработка на земјите од Унијата во Скопје, Македонија.

Во 2012 година, официјално започна соработката помеѓу НР Кина и земјите од централнаа и источна Европа, ЦИЕ. По пет години развивање на соработката, двете страни постигнаа извонредни достигнувања во различни области во кои културната размена одигра важна улога во консолидацијата на традиционалното пријателство и зајакнување на меѓусебното разбирање.

– Библиотеката, како институција која го чува човечкото културно наследство, е една од неопходните врски во меѓународниот синџир на размена на култури. Со цел да се спроведе Акциониот план за развој „ Belt and Road “ (2016-2020) издаден од Министерството за култура на Кина и да се зајакне соработката во областа на библиотекарството преку споделување на библиотечни ресурси, културна размена и техничка соработка , меѓународната библиотечна заедница силно се заложи за формирање Библиотечна Унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина. Повеќе од 160 библиотеки и нивните претставници од Кина и земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) се собраа во Ханџу на Првиот форум на библиотечна унија и ја потпишаа Декларацијата на унијата за меѓусебна соработка на библиотеките. Градската библиотека во Ханџу е назначена за секретаријат на унијата на библиотеки, посочуваат од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Почна процесот на ревитализација на НУБ „Свети Климент Охридски“

Ана Ололовска

Јубилејно издание на списанието „Библиотечен тренд“

Ана Ололовска

Делчевската библиотека ги додели наградите од конкурсот „Моќта на книгата во ова време-невреме“

Ана Ололовска