Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Од:

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на избрани публикации од домашни, и автори од странство.

Во фоајето на библиотеката, меѓудругите изложени се книгите „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, „Македонија 1945-1991, државност и независност“ од авторот Новица Велјановски, зборникот на трудови „Македонскиот расказ“, книгата „Записи за нацијата и државата“ од Павел Шатев, „На Татковината и’ должиме се’, Таа нам – ништо!“ избор на Јован Павловски и илустрации на Коле Манев.

Во изложбениот салон поместени се и делата „Чехословачки дипломатски документи за Македонија 1919-1933“, „Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908“, книгата „Политиката на Соединетите Американски држави и на Велика Британија спрема Македонија во текот на Втората светска војна“ чиј автор е д-р Тодор Чепреганов, „Патот до независна Република Македонија“ и „Кризите во независна Република Македонија“ од авторот Трајан Гоцевски.

Читателите може да се потсетат и на насловите „Македонија во делата на странски патописци“ и „Раѓањето на македонската нација“ кои непречено може да се изнајмуваат во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.

Би можело да ве интересира

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Почна процесот на ревитализација на НУБ „Свети Климент Охридски“

Ана Ололовска

Јубилејно издание на списанието „Библиотечен тренд“

Ана Ололовска

Делчевската библиотека ги додели наградите од конкурсот „Моќта на книгата во ова време-невреме“

Ана Ололовска