Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Од:

Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на книги.

Во изложбениот салон на библиотеката презентрани се дела на автори чија инспирација е народно ослободителната војна и антифашистичката борба на македонскиот народ.

За посетителите и читателите меѓудругите изложени се книги посвтени на генерал Михајло Апостолски, командант на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој по завршувањето на Втората светска војна, на 11 октомври 1953 година бил одликуван со орденот Народен херој.

На изложбата поместени се и книгите „Летопис на народната револуција во Битолско (1941-1945)“, литературен зборник 11 Октомври, книга посветена на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, книгата „Смилево славново оган гори“ од авторот Филип Каваев, „Првите македонски училишта во НОБ“ од авторот Боро Китановски, како и книгите „Историски преглед на НОБ“, „Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942“ и други публикувани дела.

Изложбата на книги посветени на 11 Октомври, ден на народното востание на македонскиот народ ќе биде отворена секој работен ден, потврдија од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола.

Би можело да ве интересира

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Почна процесот на ревитализација на НУБ „Свети Климент Охридски“

Ана Ололовска

Јубилејно издание на списанието „Библиотечен тренд“

Ана Ололовска

Делчевската библиотека ги додели наградите од конкурсот „Моќта на книгата во ова време-невреме“

Ана Ололовска