Деновиве, во издание на престижната словенечка издавачка куќа ,,Цанкарјева заложба’’, во Љубљана, во едицијата „модерни класици“, е објавен романот “Времето на козите” од нашиот автор Луан Старова.
Изданието е во превод на словенечки од Алеш Мустар, а со поговор на познатата писателка Лидија Димковска.
Во упатната информација на издавачот, мегу другото, се исктакнува: „Oва класично дело веќе објавено на дваесет јзици, претставува полифоничен, алегоричен и фантастичен роман кој на трагикомичен начин, сведочи за животот во Македонија по Втората светска војна.“
Во една од првите рецензии која деновиве се појави во угледниот книжевен магазин „Букла“, нејзиниот критачар Само Ругељ, ги нагласува посебните вредностите на овој роман.
– Старова го предизвика вниманието на меѓународната книжевна критика и читателска публика. Bездруго, романот Врмето на козите, како прво дело објавено на словенечки јазик, ќе го предзвика вниманието на словенечките издвачи да објават и други книги од романескен книжевен циклус, веќе добро познат во Европа, пишува Ругељ.