НУ Музеј Куманово одбележува 57 години од постоењето

Од:

Националната установа Музеј Куманово одбележува 57 години од постоењето. Оваа година реализирани се скоро сите предвидени настани, согласно протоколите, завршени се речиси сите истражувања од повеќе области, информираа денеска надлежните од установата. И годинава беа предвидени и речиси се завршени 25 проекти од сите области финансирани од Министерството за култура. Летово беше завршен и лапидариумот со мини амфитеатар.

-Во целина е организирана предвидената програма и во Музејот и во Уметничката галерија. Остануваат уште неколку проекти за да се заокружи годината. И за наредната година според првичните сознанија од Министерството за култура очекуваме сличен буџет како овогодишниот кој изнесуваше над два милиони денари за реализација на програмата, изјави директорот на установата, Богдан Таневски.

И наредната 2022 ќе се реализираат истражувања од археологија, историја, историја на уметност, сите одделенија ќе имаат свои проекти.

Музејот првично почнал да работи како секција на општина Куманово заедно со архив уште во 1951 година, по што архивот станува посебна институција, а подоцна се формира и музејот како историски. Во 1978 година се формираат уште две одделенија, за археологија и етнологија. Наредната година музејот станува народен музеј. Низ годините се зголемувал бројот на вработени и во 2004-та година музејот станува национална установа, бидејќи е комплексен музеј со повеќе оддели.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска