Нови празнични концерти за Нова година и Божик

Од:

Македонската опера и балет на 1 јануари 2015 од 20 часот ќе изведе новогодишен концерт во Македонскиот народен театар, каде што на 7 јануари од 12 часот Македонската филхармонија ќе изведе божикен концерт. Двата концерта ќе бидат пренесувани во живо на Македонската радио-телевизија, а идејата е тие да станат традиционални за најголемите семејни празници.

Новината денеска на прес-конференција ја најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, заедно со директорите на МОБ и Филхармонијата, Дејан Прошев и Маја Чанаќевиќ.

– Уверена сум дека овие два извонредни настана ќе бидат вистинско уживање за љубителите на класичната музика и дека несомнено на овој начин ќе се збогати културната понуда за нашите граѓани за време на новогодишните и божикните празници, рече Канческа-Милевска.

Концертот на МОБ ќе го води диригентот од Србија Ѓорѓе Павловиќ. Ќе бидат изведени арии и дуети од оперети, хорски, оркестарски, балетски нумери од делата на светски композитори, валцери и полки. Ќе настапат оперските солисти Каталина Бертучи од Австрија, Сања Керкез од Србија и македонските Благица Поп Томова и Ѓорѓи Цуцковски, балетските солисти Марија Кичевска-Шокаровска, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичијашвили и Бобан Ковачевски, Хорот, балетскиот ансамбл и Оркестарот на МОБ.

Божикниот концерт на Македонската филхармонија ќе има духовна содржина и дела од Бах, Хендл, Качини, Корели, Моцарт… Солист ќе биде сопранистката Сандра Митровска, а концертот ќе го води диригентот Борјан Цанев. Влезницата за новогодишниот концерт е 800 денари, а за божикниот 500 денари.

Покрај овие нови концерти, двете институции овој и наредниот месец ќе ги имаат своите традиционални концерти – на 21 декември во 12 часот Македонската филхармонија во Универзалната сала ќе го организира концертот за деца и на 24 декември во МНТ концерот „Ѕвездена прашина“ на кој ќе бидат изведени познати вокално-инструментални џез-композиции. Макеодонската опера и балет, пак, ќе ја продолжи 25-годишната традиција и во јануари ќе го организира концертот за празникот Василица.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он