Новата претстава на Унковски ќе се игра во Музејот на холокаустот

Од:

Театарот на Навигаторот Цветко на 2. март, во Музејот на холокауст на Евреите од Македонија, премиерно ќе ја прикаже претставата „Солун – град на духови“. Режијата е на Слободан Унковски, а текстот е од Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер.

Драмската екипа е составена од Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Владимир Петровиќ, а музиката е авторско дело на Златко Ориѓански.

Претставата е направена со поддршка на Министерството за култура и на Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија.

salonica-mm

Хрониката „Солун – град на духови“, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.

Златко Ориѓански напиша повеќе оригинални песни и друга музика за оваа претстава, во духот на балканската музичка традиција.

„Солун – град на духови“ е првиот дел од трилогијата која ќе ги опфати и Лерин – полиња жито, ридишта крв во 2015 година и Скопје – Скопје во 2016 година.

Претставата се игра во Музејот на холокауст на евреите од Македонија, со почеток во 20 часот. Претпремиерата е закажана на 1. март, а реприза ќе има во сабота на 7 март. Билетите се достапни на влезот на Музејот на холокауст на Евреите од Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска