Нова комедија со среќен крај на Коле Ангелковски насловена „Птица со глава меѓу нозе“

Од:

„Птица со глава меѓу нозе“ е насловена новата претстава на Коле Ангеловски, која ќе биде прекажана во Драмскиот театар на 10 овој месец.

Насловот е доста сиболичен, објаснува Ангелковски, бидејќи птицата е слободна да лета каде сака, но не и кога главата и е ставена меѓу нозе.

Станува збор за чудна комедија со среќен крај. Приказната ја отсликува состојбата со пандемијата, социјалата и политиката во државава. Односно за тоа како луѓето се однесуваат во чудни и сериозни сиуации, а сето тоа претставено од позитивен и комичен агол.

– Текстот јас го пишував пред да започне пандемијата, некаде 2018 година и како да предвидов некои работи кои што се случија и кои што се случуваат се уште. Инаку, тоа е една љубовна приказна, љубов кон девојка, кон татковината, носталгична љубов кон професијата и сето тоа драматуршки ставено во еден интересен заплет. Во текстот 90 проценти од приказните мене ми се случиле се автентични во еден долг период на живот, второ ликовите кои што ги одбрав ги пишував точно за тие што ги играат, изјави Ангелковски.

Тој додаде дека со оваа премиера всушност и прославува 60-годишен јубилеј, 60 години од неговиот прв филм.

На прес-конференцијата присутните изразија задоволство што секојдневно течат пробите и изразија надеж дека оваа претстава ќе му донесе финансии на театарот со оглед на тоа што не работел одреден период поради ковид состојбата.

Ѓокица Лукаревски во своето обраќање истакна дека оваа претстава всушност ќе биде празник за театарот кој одреден период бил пасивизиран и заради пандемиајта, но и заради некои други фактори.

– После толку време се надевам дека во театаров ќе има една претстава од фахот на едниствениот човек кој што знае да направи претстава со долг век на траење, се радувам што ќе играме претстава за која сигурно по моето убедување и учество во претставата ќе се игра многу. Тоа на некој начин ќе биде празник за дрсмски театар бидејќи театарот одреден период потполно беше пасивизиран и заради пандемијата и заради други состојби кои негативно влијаеа на една историја на театар кој што секако беше еден од најдобрите театри во Југославија и ми е драго што сум во оваа екипа поготово што работам со Коле. Екипата дишеше со една единствена и заедничка идеја, да направиме претстава без разлика на одредени слабости во периодот на работењето, меѓутоа ги извадивме најбитните елементи кои што секако ќе значат еден потврден успех на она што ние како актери го носиме, рече Лукаревски кој го игра ликот на Филимен.

Стефан Вујисиќ, кој ќе го толкува ликот на Климент, рече дека одамна не почувствувал толкав предизвик за работа.

– Она од што се изненадив беше дека овие луѓе на разни начини ме стимулираа јас да работам и да се посветам на работата многу повеќе, чест ми е што Коле ми ја додели оваа улога кој што ми се допаѓа од причина што е многу слоевита и има цело патешествие низ кое што поминува ликот, кој што поседува интересни особини, мани, се има за да биде комплетен лик за кој што се надевам дека со моите сили и способности ќе можам да го остварам и реализирам, изјави тој.

Според Благица Димитровска, која ја игра улогата на девојката, ова претстава на еден интересен и забавен начин испраќа многу сериозна и важна порака.

– Ние првично како актери кога прифаќаме улога, не прифаќаме само улога и текст, ние прифаќаме една идеја и една порака и мислам дека идејата и пораката која ја испраќа Коле, а која ги опфаќа темите кои што не засегаат денеска, сега особено во вакво време мислам дека вреди да се видат, ова е комедија ова е убава позитивна претстава, меѓутоа пораките и темите кои што ги опфаќа Коле како тоа дека треба да се грижиме за животната средина, за животните, за луѓето, е нешто кое јас сакам да сум дел, истакна Димитровска.

Автор и режисер на претставата е Коле Ангелковски.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата „Драми на принцезите“ утре во Драмски театар Скопје

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска