Никола Смилков со самостојна изложба ќе се претстави во Хрватска

Од:

Универзитетскиот професор и уметник Никола Смилков со самостојна ликовна изложба на скулптури „Emocionalni pokreti/Emotional movements“ ќе се претстави во Сплит, Република Хрватска.

Изложбата ќе биде отворена вечер во просториите на Француската алијанса во Сплит, во организација на Хрватско – француското здружение и Министерство за култура.

Никола Смилков е роден во 1973 година во Штип. Во 1999 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, каде во 2002 година магистрирал во областа вајарство во класата на проф. Драган Попоски – Дада. Докторирал во 2012 година на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во областа Методика на ликовното воспитание. Тој е редовен професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Учествувал на повеќе меѓународни симпозиуми во рамки на кои реализирал монументални скулптури и групни изложби во Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Турција и Индија.

Добитник е на наградата за скулптура „Димо Тодоровски“ од ДЛУМ во 2008 година и во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“