Научна конференција за Кокино

Од:

Вкупно 33 истражувачи од повеќе држави учествуваат на тридневната археолошка меѓународна научна конференција „Кокино-Дар на боговите“ во Старо Нагоричане. Конференцијата е дел од проектот за кој Музејот од Куманово конкурираше во програмата на УНЕСКО, а има за цел научна, културна и туристичка промоција на локалитетот.

– Имаме учесници професори од Србија, Бугарија, Косово, Македонија, Грција, САД и се надеваме дека ќе стане традиционална и оти следната година ќе организираме уште подобра конференција. Во рамки на проектот, по завршување на конференцијата предвидено е издавање публикации, изјави Дејан Ѓорѓиевски, арехеолог во Музејот Куманово.

Во рамки на проектот, минатата недела во Музејот беше одржана изложба на артефакти пронајдени на локалитетот. Организаторите најавија дека ќе издадат и публикација која ќе биде дистрибуирана по светските библиотеки.

Филип Михајлов од Музејот од Перник, Бугарија истакна дека Кокино е еден од најубавите локалитети.

– Неверојатно, и светилиште и објект со многу интересни пронајдени артефакти. Со сигурност можам да кажам дека Кокино бил важен култен центар за реонот, но и за поширокиот регион, изјави Михајлов.

Кон крајот од годинава, организаторите ќе ги соберат ракописите и ќе објават поголема публикација, која заедно со претходно објавениот каталог ќе послужи за научна афирмација на локалитетот.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска