Насков до Башески: До кога со твоите лоши проценки и потези ќе и’ нанесуваш штета на македонската кинематографија?

Од:

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Роберт Насков, со отворено писмо до Дарко Башески, директор на Агенцијата за филм, насловено „ Уште еден во низата погрешни потези на Башески“, прашува зошто Агенцијата одбила Македонија да биде копродуцент во филмот „Звиздан“, кој доби награда на Канскиот филмски фестивал, што заврши пред неколку дена.

„Јавно го прашувам в.д. директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески, зошто институцијата која тој ја раководи, одби да го финансира хрватскиот филм “Звиздан” на Далибор Матаниќ!?

Тој филм во избор од 1.400 филмови, беше селектиран во програмата “Un Certain Regard” на Канскиот филмски фестивал и ја освои наградата од жирито со кое претседаваше актерката Изабела Роселини.

Башески, како е можно вредноста на тој филм да ја прочитаат во Хрватскиот аудиовизуелен центар, во Словенскиот филмски центар, во Филмскиот центар на Србија, филмот да биде подржан од Медиа програмата и Еуримаж, но не и од Агенцијата за филм на Македонија? Мора да одговориш зошто е пропуштена историска шанса Македонија да биде дел од овој огромен филмски и културен успех, да биде дел од филмот кој најдобрите светски филмски часописи го вброија во десетте филмови од оваа издание на Канскиот фестивал, кои мора да се видат.

Престани да се криеш зад разни читачи, филмски совети, управни одбори и административни процедури, туку јасно одговори зошто им е ускратена можноста на македонските филмски професионалци, автори и актери да бидат дел од овој филмски проект, а со тоа и од оваа врвна филмска манифестација, зошто пропуштивме сите заедно да се радуваме на успехот на овој филм?

Мислам дека македонска јавност има право да ги знае одговорите на овие прашања бидејќи располагаш со нивните пари. Башески, до кога со твоите лоши проценки и погрешни потези ќе и нанесуваш штета на македонската кинематографија? “, стои во писмото на Роберт Насков.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата