Народниот театар од Велес ги отвори Деновите на македонската култура во Белград

Од:

На сцената на Народно позориште во Белград синоќа ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ја изведе претставата „Жени“ во режија на Софија Ристевска.

Со оваа претстава започна манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белград со симболичен наслов „Допир на Македонија“. Манифестацијата ја отвори Зафир Хаџиманов почесен амбасадор на македонската култура во Србија.

Во рамки на манифестацијата, што се организира во соработка со Македонското културно друштво од Белград,  ќе бидат претставени повеќе културни содржини од Македонија како книги на македонски писатели, изложба на уметнички дела, а ќе бидат презентирани и македонски ора и музика. Посетителите ќе имаат можност да пробаат и специјалитети од богатата македонска кујна.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска