Народниот театар од Суботица, настапи на фестивалот на античка драма „Стоби 2013“

Од:

Пред бројната публика синоќа во амфитеатарот во древниот Стоби настапија актерите од Народниот театар од Суботица, од Република Србија кои ја изведоа претстата „Жени во народното собрание“ од Аристофан, а во режија на Никола Завишиќ.

Режисерот Никола Завишиќ изјави дека ова им е прва изведба на претставата на отворена сцена и оти тој е воодушевен од Стоби и публиката.

– Оваа за мене е најдобра изведба на оваа претстава на овој простор во Стоби, Аристофан навистина почна да биде Аристофан и се случи она што ние од самиот почеток сакавме да се случи. Се случи искуство и спој на публиката со претставата и на некој начин античката комедија оживеа на интересен начин.Не знаев ништо за Стоби па разгледав по интернет и малку се исплашив од амбиентот, затоа што не е лесно во исполнет амфитеатар да продрете и да искомуницирате, но на крај јас сум пресреќен, појасни режисерот Завишиќ.

На прашањето дали очекува награда Зивишоќ и незнаејќи дека претставата се игра за награда мошне скромно ни одговори-тоа што очекував веќе се случи, а тоа е одличната комуникација со луѓето.

Актерката Татјана Матеша која ја играше улогата на Праксагора по претставата изјави дека Стоби е фантастично место,  а таа никогаш не била на вакво археолошко наоѓалиште кое носи своја приказна и енергија, а овде луѓето реагираа токму така како што очекувавме.

Фестивалот продолжува во среда вечер на 17-ти јули со претставата „Евридика“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, а во режија на Нина Николиќ. Тоа е третата и последна претстава од вкупно четири која е во конкуренција на наградите на фетсивалот во Стоби, за најдобра женска и машка улога,најдобра режија и најдобра претстава.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска