Народниот театар од Охрид на 10 октомври ќе ја изведе претставата „Балканска 3а/2“

Од:

Охридскиот народен театар на 10 октомври ќе ја изведе претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. Претставата е трилер што има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество го загрозуваат и неговото постоење. „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски.

Почеток на претставата е во 20 часот. Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев”.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска