По повод празникот Василица, Македонската опера и балет вечер и утревечер ќе одржи два концерта насловени „Најдоброто од најдобрите“ – колаж на најдобрите нумери од три претходни концерти „Свинг и џез“, „Македонски евергрин“ и „Филмски ноти“.
На концертот ќе настапат оперските солисти Владимир Саздовски, Весна Гиновска-Илкова, Сандра Митровска, Марјан Стојановски, Наде Талевска Спасовска, Ѓорѓи Цуцковски и Хорот и Оркестарот на МОБ.
Ќе настапат и повеќе естрадни ѕвезди, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Влатко Лозановски и Нина Јанева.