Најавено објавувањето на компакт-дискот со „Македонисимо“ на Трпчевски и пријателите за британскиот Лин рекордс

Од:

Албумот „Македонисимо“ ќе биде објавен на 28 август, соопшти престижната британска етикета „Лин Рекордс“ (Linn Records), најавувајќи го излегувањето на материјалот со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот“ (Омаж за Брамс).

Како што вели во изјавата за македонските медиуми Симон Трпчески, „албумот прикажува фузија на фолк и класична музика која ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на мојата татковина Македонија“.

Потсетуваме, по идеја на Трпчески, композиторскиот потпис е на нашиот истакнат автор Панде Шахов, а во изведбата учествуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад ударалките е Влатко Нушев.

Светската премиера на проектот се случи на Фестивалот во Лудвигсбург, Германија во мај 2017 година. Веста за новиот креативен подвиг на својот ексклузивец ја сподели и концертната агенција КД Шмид од Германија.

Во меѓувреме, задоволството од соработката со „Лин Рекордс“ Трпчески го надградува и со следни проекти. Во моментов во Софија, заедно со Краповски и Сомов го започнува снимањето на материјалот со дела од Шостакович, а во тек се и завршните подготовки за снимање оркестарско ЦД за оваа еминентна етикета.

Би можело да ве интересира

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Симон Трпчевски и Македонисимо на 26 август во Секирник, струмичко

Нашите фудбалери ќе го гледаат Симон Трпчевски во живо во Букурешт

Жарко Настоски

Лондонски „Сандеј Тајмс“ со блескави оценки за новото ЦД на Симон Трпчески

Ана Ололовска

Трпчески и „Македонисимо“ и на летовите на „Луфтханза“

Трпчески со два концерта на 1 јануари ќе ја започне новата година

Наум Локоски