Трпчески и „Македонисимо“ и на летовите на „Луфтханза“

Од:

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески стана дел и од елитното друштво ѕвездени имиња кои една од водечките светски авиокомпании „Луфтханза“ им ги препорачува на своите патници.

Имено, како што посочуваат од КултурОп прес, сите патници во воздухопловите на овој гигант во иднина ќе можат да уживаат и во изборот што македонскиот пијано виртуоз го направи од свои, но и од изведби на светски уметници. Секако, додаваат, Трпчески и во оваа прилика на патниците им нуди и фрагмент од својот проект „Македонисимо“, инспириран од нашиот фолклор.

– Македонскиот пијанист славен низ светот поради експресивниот начин на изведба и харизматичното сценско присуство, Симон Трпчески, избра некои од своите омилени музички дела, ексклузивно за „Луфтханза“, најавува компанијата, чии патници во избор на Трпчески веќе можат да уживаат во 16 внимателно одбрани дела (од кои осум се во негова изведба). Пет од нив се фрагменти од прославата на македонската музика низ проектот „Македонисимо“ што Трпчески го изведува со своите музички пријатели се вели во соопштението.

Во изјавата за Македонското радио по овој повод, Симон Трпчески подвлече: „Навистина ми е многу мило што сум дел од програмата на летовите на „Луфтханза“, компанија која е еден од реперите во авиосообраќајот. Да се биде дел од нивните програми што ги слушаат илјадници патници е голема чест, а јас се определив за дела секако во рамките на правилата на Уметничкиот одбор на компанијата и можностите со авторските права. Се надевам дека на патниците ќе им се допадне мојот разновиден избор од пијанистичка и симфониска литература, но и со мал дел од „Македонисимо“, во функција на натамошна афирмација на македонската народна музика изведена на такво високо ниво. Ова е многу убаво и се надоврзува на номинацијата во потесен круг на Наградите на Германската музичка критика токму со албумот „Македонисимо“ што излезе под етикетата на „Лин Рекордс“

Би можело да ве интересира

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Трпчески и пријателите низ Балканот со МАКЕДОНИСИМО

Симон Трпчевски и Македонисимо на 26 август во Секирник, струмичко

Нашите фудбалери ќе го гледаат Симон Трпчевски во живо во Букурешт

Жарко Настоски

Лондонски „Сандеј Тајмс“ со блескави оценки за новото ЦД на Симон Трпчески

Ана Ололовска

Најавено објавувањето на компакт-дискот со „Македонисимо“ на Трпчевски и пријателите за британскиот Лин рекордс

А1он