Награден фотографски натпревар кој ја опфаќа науката од Македонија

Од:

„Се известуваат сите заинтересирани, дека од 1 ноември до 15 декември ќе трае наградниот фотографски натпревар „Натпревар за научна фотографија 2023“ при што ќе биде неговото второ македонско издание организирано од здружението Споделено знаење. Македонското издание ќе биде во рамки на седмото меѓународно издание на Натпреварот за научна фотографија, организирано од иницијативата Wiki Science Competition. Македонскиот натпревар е со цел обезбедување слободни фотографии од науката од Македонија. Целта на тие фотографии е понатаму во иднина да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти.

Има две категории на награди: месни (македонски) и меѓународни.

Најуспешните фотографии според оценката на месно стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од Споделено знаење, и тоа:
* Прва награда за највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 350 евра
* Втора награда за втора највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 250 евра
* Трета награда за трета највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра
* Четврта награда за четврта највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 50 евра
* Петта награда за петта највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 50 евра
* Награда за учесник со најмногу фотографии – денарска противвредност од бруто 200 евра

Најуспешните фотографии, според оценката на меѓународното стручно жири, ќе им бидат доделени ваучерски награди, доделувани од страна на иницијативата Wiki Science Competition.

Би можело да ве интересира

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Доделени наградите „Бранко Ѓорчев“

Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут

Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Жарко Настоски

Државна награда за човекови права „Мето Јовановски“

Ана Ололовска

ДПМ ќе ги додели годишните книжевни награди за 2018