Наградата за животно дело на „Мал битолски Монмартр“ за Арнаут Његош

Од:

Ликовниот педагог и сликар Арнаут Његош, роден во Босна и Херцеговина, кој живее и работи во Власеница, Република Српска, е годинaшен добитник на наградата за животно дело „Богомил Карлаварис“ што ја доделува меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

– Наградата за животно дело од минатата година се доделува во чест на професорот Карлаварис, осведочен и потврден вљубеник на „Мал битолски Монмартр” или како што уште го нарекуваа – новосадски битолчанец, пријател на Битола и на Македонија, истакна Коста Хаџи Антоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.

Тој посочи дека ликовниот педагог Арнаут Његош е заслужен што секоја година многу деца од Босна и Херцеговина испраќаат ликовни творби или колекции, а пред неколку години за време на неговиот престој во Битола му е доделена наградата гран-при.

– Годинава одлучивме да му доделиме награда за животно дело, а предноста над останатите конкуренти за ова признание ја доби затоа што долги години е наш соработник и го заслужи празнанието, посочи Хаџи Антоновски.

Ликовниот уметник Арнаут Његош има голем сликарски стаж, како просветен работник со своите ученици добил голем број признанија и награди од сите страни на светот. Неговата омилена техника на ликовно изразување е масло на платно. Успешен е како иконописец, изработил повеќе иконостаси и слики кои красат многу домови и службени простории во многу градови и држави.

Меѓународното стручно жири на „Мал битолски Монмартр“ одлучи на светската изложба што ќе биде отворена на 23 мај во Битола да претстави 899 избрани ликовни творби, а за време на свеченото отворање ќе бидат доделени 367 награди во различни категории, како што се „Златна четка“, „Златна палета“, дипломи и наградата гран-при која годинава им припадна на учениците од Спишка Бела, Словачка.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Ана Ололовска

Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Отворена меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“