Наградата „Димитар Гогов“ за најуспешна песна за Наде Ефремова од Кочани

Од:

Во Кочани се одржа 41. издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ на кој учествуваа 35 млади автори од петнаесетина градови од Македонија.

Жири комисијата во состав Бранко Цветковски писател од Скопје и Љубинка Донева и Аника Горгиеоска Илијеска, автори од Кочани, првата награда „Димитар Гогов“ и ја доделија на Наде Ефремова, шесто одделение  од ОУ„Никола Карев од Кочани.

– За една од нгарадите пристигнаа 38 поетски творби,кои беа пишувани на слободна тема. Сметам дека ги избравме најуспешните творби, а воедно поофаливме и седум поетски творби на млади автори, изјави Цветковски.

На најуспешните автори им беа доделени награди – книги и дипломи. Првите три награди беа парични донирани од семејството на кочанскиот покоен поет и член на Друштвото на писателите на Македонија Димитар Гогов.

Во рамките на фестивал од печат излезе и збирка посезија со творби од учесниците на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник