„Надреализам и фантастика (рефлексии)“ – избор од колекцијата на Националната галерија

Од:

Групна тематска изложба „Надреализам и фантастика (рефлексии) – избор од колекцијата на Националната галерија“ ќе биде отворена вечер од 20 часот во Мала станица.

Со неа Националната галерија ќе го заокружи годинашниот циклус проекти преку кои пред широката јавност беа претставени делата од нејзината колекција.

Според директорката на Галеријата Дита Старова-Ќерими, целта на проектот е да се истражи и претстави развојот и влијанијата на овие правци во современата македонска ликовна уметност преку избор на репрезентативни дела на македонските ликовни уметници кои се дел од колекцијата.

Меѓу авторите чии дела се остварувања во доменот на надреализмот се Спасе Куноски, Васко Ташковски, Кирил Ефремов, Миле Корубин, Трајче Јанчевски, Милош Коџоман, Рубенс Корубин, Владимир Величковски, Иван Велков, Владимир Георгиевски, Вана Урошевиќ, Илија Пенушлиски, Благоја Николовски, Атанас Ботев, графичарите Доне Миљановски, Виолета Чауле, Дијана Томиќ Радевска, Славица Јанешлиева, скулпторите Томе Аџиевски, Димче Димески…

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“