На „Скопско лето“ концерт на Мухамед Ибрахими, Ратко Даутовски и Џоле Максимовски

Од:

Во Сули Ан, во Стара скопска чаршија, вечерва, со почеток во 21 часот концерт ќе одржат Мухамед Ибрахими – гитара, Ратко Даутовски – перкуси и Џоле Максимовски – бас.

Мухамед Ибрахими е композитор и мултиинструменталист на жичани инструменти. Својот инструмент (гитара, мандолина, саз) го третира на мошне неконвенционален начин, длабоко интуитивно и широко инспиративно. Неговите композиции се автентичен микс од различни музички стилови, мириси и созвучја. Рок, блуз, амбиент, кои се длабоко вкоренети во ориенталната (суфи), но и балканска (албанска, македонска) фолклорна традиција. Оваа храбра и елегантна комбинација, често доловува неочекувани резултати во прекрасен и уникатен звучен свет.

Неговиот деби албум “Fly” излезе во јануари 2014та за скопската независна продукција ПМГ Рекордингс и може бесплатно да се симне од нивниот веб сајт.

Џоле Максимовски е басист и композитор. На музичката сцена е повеќе од 20 години. Член на Архангел од 1998 до 2006 година. Од 2000 година свири во Влатко Стефановски Трио. Соработувал и снимал со Гарбет Тавитјан, Јан Акерман, Теаодосиј Спасов, Стефан Миленковиќ, Дамир Имери, Мугер Фугер, Чиста Околина,

Никола Коџобашија и Алшар. Како член и композитор работел со Сет, Мазаик, Beneventan Трио. Во моментов работи на својот нов албум со својот авторски бенд Кабадајас. Во 2013 година е дел од групата Темпера, со која оваа година го промовираше албумот „Играј“.

Ратко Даутовски е еден од најактивните македонски перкусионисти, познат по неговата изградена естетика,

богат репертоар и изведувачка техника. Како музичар, уште од најрана возраст целосно е посветен на истражувањето на богатата мело-ритмичка структура пред се на македонската традиционална музика, но и богатството од ритми кои се белег на светското културно наследство.Покрај редовното музичко образование, тој добива континуирана обука од неговиот татко проф. д-р Драган Даутовски, кој се смета за важна фигура на македонската и балканската музичка сцена.

Ратко Даутовски од 1999 годina е редовен член на Драган Даутовски квартет, една од најдобрите и интернационално признати групи. Има настапувано во голем број земји во Европа, но и во Австралија.

Освен концертот, во рамките на „Скопско лето“, утре, исто така од 21 часот, но во Кинотека на Македонија, ќе се одржи уште еден културен настан. Во рамките на „Кинотечно скопско летно кино“ ќе биде прикажан филмот „Мулен Руж“ на Баз Лурман, во кој главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Јуан Мекгрегор.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска