На „ИМПАКТ4“ во Велес гостуваше Дизел Клуб Тетар од Романија

Од:

Во рамки на Меѓународниот фестивал на изведбени уметности „ИМПАКТ 4“ синоќа на сцената на клубот „Тарантино“ во Велес гостваше Дизел Клуб Театар од Романија со претставата „Шекспир, те сакам“, што е прво гостување на овој театар во Македонија.

Режисерот на претставата Сорин Мисиријанту појасни дека тоа е претстава направена од извадоци од претстави на Шекспир како „Ричард трети,„Хамлет“,„Ромео и Јулија“,„Како милувате“, а помеѓу нив има и негов текст.

– Се надевам дека публиката овде во Велес ја почувствува претставата и беше заедно со актерите и заедно со нив го дишеше истиот воздух, само така е постигната целта на претставата, изјави режисерот Мисиријанту.

Тој претставата ја режирал во 2008 година за да гостува на меѓународните фестивали, а досега учествувале на фестивалите во Казабланка,Мароко,Австрија и Италија.

Во претставата играат актерите Адријан Балант и Анка Лакустеано.Актерот Адријан за улогата во оваа претстава ја добил и наградата за најдобар актер на фестивалот во Казабланка.

Инаку, режисерот Сорин Мисиријанту режира од 2000 година и досега режирал 42 претстави по текстови од Шелспир,Чехов,Пушкин и други автори. Првпат е во Македонија и на фестивалот „ИМПАКТ“ и со директорот на фестивалот и режисер Александар Ивановски, како што изјави за МИА, се во разговори за заедничка театарски проект, а сака да гостува и на други фестивали и театарски сцени во Македонија.

Меѓународниот фестивал за изведбени уметности „ИМПАКТ 4 “ во Велес завршува вечерва на сцената на велешкиот театар со настап на Татарот Младинско од Словенија со претставата „Ветер на лудоста“. 

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска