На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен дел од тимот на македонскиот филм „Златна петорка“

Од:

Во чест на наградените лауреати од годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ вечер во Битола ќе биде приредена гала-премиера на македонскиот филм „Златна петорка“, а светската премиера е закажана за 29 септември на Интернационалниот филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон.

Според режисерот Горан Тренчовски, првата проекција на филмот на респектиран меѓународен фестивал е големо признание за филмот и екипата што го реализираше.

– Филмот е една драмска структура, морална драмска сторија со благи елементи на трилер и романса која понира во едно време на 51. година од минатиот век, време не така многу далечно, период за кој има сведоци и преживеани. Филмот е посветен на грозоморен и апсурден парадоксален настан на ликвидација на пет студенти од Струмица познати како „Струмичка петорка“ или „Златна петорка“. Пред камерата сите беа успешни и успешно го отсликуваат периодот за животот на една прогресивна, младешка сила на 20 годишници кои имале своја идеја и кауза но биле ликвидирани во тогашниот систем, посочи режисерот Тренчовски.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и други.

– Освен филмот од снимениот материјал ќе бидат обработени 5 посебни филмски епизоди кои ќе бидат емитувани како филмска серија. Филмот освен во Лондон ќе биде емитуван на 4 други фестивали и веруваме дека ќе има „голема километража“ низ светот, истакна продуцентот Дејан Милошевски.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски