Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Од:

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

На отворањето ќе бидат прикажани краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов-Изи и „Истребувач 2049“ во чест на оскаровецот Роџер Дикинс, лауреат на наградата „Златна камера 300“.

Главна ѕвезда на фестивалот е Клаудија Кардинале, легендарната италијанска актерка која ја доби специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Таа продефилира на црвениот тепих и се фотографираше со дел од присутните. Со неа се фотографираше и министерот Никола Димитров.

Актерката Милица Стојанова ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Фестивалот ќе биде затворен со филмот „Црниот кју-кју клановец“ во режија на Спајк Ли и со краткиот филм „Скаут“ на Алекс Цветков, режисер од македонско потекло кој живее во САД.

Фестивалот ќе трае до 29 септември, а публиката ќе може да види 95 филмови поделени во повеќе филмски програми. Ќе бидат прикажани филмови од големи продукции селектирани на најпознатите светски фестивали.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов