Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Од:

Со задоволство ве известуваме дека пред вечерашното свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола пристигна ѕвездата на годинашното издание, легендарната Клаудија Кардинале.

Таа во Битола допатува со својата ќерка, која се вика исто како неа Калудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор, Благоја Куновски – Доре.

Клаудија Кардинале, вечерва ќе прошета по црвениот тепих до Центарот за култура, каде свечено ќе и’ биде врачен наградата Златна камера 300 за особен придонес во светскта филмска уметност.
Освен неа, во Битола, синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на Златната камера 300 за животно дело, кој во Битола дојде со сопругата Изабела.

Инаку, завршуваат последните подготовки за отворањето на фестивалот, се поставува црвениот килим, а во Битола пристигнуваат голем број филмаџии од Македонија и од странство.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов