На „Битола Шекспир фестивал“ театри од Мексико, Турција, Албанија, Русија и Македонија

Од:

Народен театар-Битола со поддршка на Министерството за култура годинава по втор пат ќе биде домаќин и организатор на „Битола Шекспир фестивал“.

Од задутре до 26 јули на матичната сцена на Битолскиот театар,  ќе бидат претставени осум дела од Вилијам Шекспир со што и официјално ќе почне второто издание на кое претходеше гостувањето на лондонскиот „Глоуб Театар“.

 – Нашата идеја мотивираше други позитивни иницијативи. Оваа 2014 година поставени се 4 дела на Шекспир на сцените на театрите во Македонија и тоа не се случило во ниту една година во 70 годишното постоење на театарските куќи во државата. Некои театри првпат го поставија Шекспир дури по 30 годишно постоење, значи инфлуенцата која ја донесе битолскиот театар со Шекспировиот фестивал денес се гледа и се чувствува, истакна директорот на Народен театар-Битола Валентин Светозарев.

Свеченото отворање на „Битола Шекспир фестивал“ е закажано за сабота вечер кога актери од Мексико ќе ја изведат претставата „Хенри Четврти“ во режија на Хуго Аревиљага Серано, а ќе заврши на 26 јули со гостување на Театар Поколенија од Санкт Петерсбург, Русија.

– Битолскиот театар како и секогаш е неколку чекори понапред од театарите во опкружувањето. Нашата поддршка и поддршката на Министерството за култура се потврда за уште еден успешен позитивен пример, но на ваков начин се подигнува и критериумот на сите актери кои придонесуваат за овој голем културен настан. Во Шекспир се сите лекции од животот, Шекспир и денес е најсовремениот и најмодерниот автор, Шекспир е класика и Шекспир е авангарда, рече градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Според програмата на „Битола Шекспир фестивал“, со претстави мотивирани од делата на Вилијам Шекспир ќе настапат и македонските ансамбли Театар Комедија од Скопје со „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски, Велешкиот театар ќе ја изведе „Крал Лир“ во режија на Ѕвездана Ангеловска, Битолскиот театар претставата „Отело“ во режија на Диего де Бреа, а Прилепскиот театар „Сон на летната ноќ“ во режија на Нела Витошевиќ.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска