Музејските објекти од Кавадарци вечерва ќе бидат отворени и во ноќните часови, по повод Светскиот ден и Европската ноќ на музеите.
– Посетителите ќе имаат чест да присуствуваат на промоција на проектот „Че биде Кавадарци” на младиот и успешен мултимедијален уметник Игор Јосифов од Кавадарци во државава и странство. Честа е поголема бидејќи овој проект ќе биде презентиран, веднаш по својата светска премиера во рамките на петтото биенале во Венеција, во палатата „Палацо Мора“. Во контекст на овој настан, ќе има премиера новиот филм „Че биде вистина”, снимен од наградуваниот кинематограф Самир Љума,а во него учествува Катерина Ивановска. Овој филм е базиран врз животот и креативниот процес на Игор Јосифов кој е тесно поврзан со приказна која се одвива и за време на Биеналето во Венеција, информираше Весна Ѓорѓиева, директор на музејот.
Проектот „Че биде” е трансформациска инсталација која го одразува светот во време на промени, што се одразува на нашата иднина секој ден. Овој проект е посветен на авторските права на уметникот. Ќе бидат претставени клучните дела кои се симболично поврзани со темата, вклучувајќи го и делото „Нелсон Мандела”, што Јосифов успеа да го врати од Федералната полиција во Париз. По долгата правна битка, ова дело ќе биде изложено првпат во јавноста, по изложбата „Лични структури” 2019 во Палацо Мора, Венеција.
Иложбата во Кавадарци симболично ќе се огледува на изложбата во Венеција. Игор Јосифов е роден 1986 година во Кавадарци. По школата за применета уметност “Лазар Личеноски” во Скопје, Јосифов дипломираше на Академијата за уметност на Универзитетот Сан Франциско во Калифорнија. Успешно се претставува во земјава и странство.