Музејот на традиционална тиквешка храна имал 15 000 посетители во шест години постоење

Од:

Петнаесет илјади луѓе го посетиле Музејот на традиционална тиквешка храна за шест години постоење. Во музејот се изложени повеќе од 500 предмети поврзани со производство и обработка на храна, како и орудија и алати за обработка и производство на традиционална тиквешка храна.

Тие се изработени од камен, дрво, керамика и стакло. Поставката е збогатена со машка и женска народна носија која го отсликува етничкиот предел на Тиквешијата. Музејот е составен од четири оддели – археолошки, етнолошки и две спомен-соби – на Васил Хаџиманов и Никола Бадев. Спомен-собата на Бадев беше отворена во октомври 2018 година по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Од Музејот велат за МИА дека основна цел и мисија на оваа културна институција е преку предмети и други експонати да ги запознае посетителите со основните музеолошки и културолошки вредности на самата институција, кои претставуваат сведок за богатото културно наследство во Тиквешијата. Едукацијата и запознавањето со културните вредности има различни целни групи – млади, деца од училишна и предучилишна возраст, туристички групи…

Музејот беше отворен во рамки на проектот „Гастрономски патишта – Кајмакчалан” помеѓу општините Кавадарци и Едеса, финансиран од Европска Унија преку Програмата за прекугранична соработка.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон