„Музеј на женски приказни“ – што крие историјата за жените во Битола, Крушево и Прилеп

Од:

„Музеј на женски приказни“ e изложба проследена со разговори во градовите Битола, Прилеп и Крушево во организација на Локомотива – центар за нови инцијативи во уметноста и културата како дел од проектот “Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија” реализиран во рамки на програмата за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Македонија

Проектот “Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија” започна во 2014. и е програмски развиен и имплементиран од Локомотива, Скопје во соработка со областа на заливот Мон Сен Мишел од регионот Долна Нормандија, Франција.

Музеј на женски приказни е проект кој произлезе од идејата да се истражи, согледа и (ре)афирмира улогата на жената во општествено-политичкиот, социјалниот и семејниот контекст преку исчитување на културните значења, симболи, асоцијации, задскриени зад историските факти, од првата половина на 20-тиот век во Битола, Прилеп и Крушево со околијата на Пелагонискиот регион.

Ко-авторки на „Музеј на женски приказни“ се Искра Гешоска, Христина Иваноска, Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

Целта на „Музеј на женски приказни“ е да се откријат и деконструираат преку сублимни, социо-културни референтни напомени, историските факти позади кои постојат конкретни општествени односи и динамика, како и идеолошки и дискурзивен апаратус, и нивното учество и влијание во создавањето на културните значења и еманципацијата на жената од минатото до денес.

Со цел да се добијат релеватни информации и материјали за темата која се обработува, во 2014/2015 година се реализираше истражување кое ко-авторките го артикулираа во аудио-визуелна изложба, проследена со разговори и публикација. Изложбата и разговорите ќе се реализираат во Битола, Прилеп и Крушево во периодот од 15 септември до 30 октомври 2015 година, а публикацијата ќе биде објавена во 2016 година.

Изложба и разговори:

Битола, НУ Заводи и музеј Битола (15-29 септември 2015)

15 септември / 19:00 ч. – отворање на изложбата / 20:00 ч. – разговор со Александар Литовски, Ѓорги Пулевски и ко-авторките на проектот

Прилеп, НУ ЦК Марко Цепенков (01-13 октомври 2015)

01 октомври / 19:00 ч. – отворање на изложбата / 20:00 ч. – разговор со Љупчо Печијарески, Рубин Белчески и ко-авторките на проектот

Крушево, НУ Историски музеј – Уметничка галерија „Никола Мартиноски“ (15-30 октомври 2015)

15 октомври / 12:00 ч. – отворање на изложбата / 13:00 ч. – разговор со Зоран Богески, Даница Јанакиевска, Ѓорги Пулевски и ко-авторките на проектот

Партнери во реализација на изложбата се НУ Заводи и музеј Битола, НУ ЦК Марко Цепенков Прилеп и НУ Историски музеј Крушево.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска