Мултимедијална изложба на ученици од средното училиште „Лазар Личеноски“

Од:

Изложба на група ученици од Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн (ДСУЛУД) „Лазар Личеноски“ ќе биде отворена вечер во 18 часот во новиот салон на Галеријата Ко-Ра при Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје

Како што е најавено, станува збор за интерактивна изложба на ученици од четврта година од одделот за мултимедијала од ова средно училиште, инспирирана од последиците на пандемијата..

-Предвидена е седумдневна програма која опфаќа буквално секаков вид уметност, со цел, меѓу младите да се предизвика колективна рефлексија на последиците од моменталната ситуација со пандемијата, но и да се разбуди креативната уметничка свест. Во рамките на ова, освен визуелната уметност, литературата, музиката, своето несомнено место го наоѓа дури и театарот, кој упорно рие кон својата преродба заробен во „подземјето”, информираат организаторите.

Програмата ќе започне вечер со настапот на Никола Јовановиќ кој ќе изведе сатиричен монолог во 20 часот. Утре вечер продолжува со „ноќ на трагикомедијата” на која ќе настапат Христина Пентиева со драмски монолог насловен „Анка и Дигиталка“ (во 18 часот) и Емануела Ковачевска Китановска со нејзин драмски монолог „Без Наслов“ (во 20 часот). В недела (28.02) ќе се одржи ноќ на поетско читање со почеток во 18 часот. На настанот ќе учествуваат поетите: Светла Јакшиќ, Софија Тодороска, Диме Данов, Лиле Стефановска, Горазд Китановски и Исток Улчар, а читањето ќе се одвива во три круга.

На 3 март (среда) на програмата е настап на Poetry Slam Macedonia. Како изведувачи се најавени: Игор Трпчески, Ива Дамјановски, Ана Голејшка Џикова, Горазд Кени Китановски и Емануела Ковачевска Китановска

Изложбата ќе биде отворена за посетители заклучно со четврток вечер (4 март).

Бројот на посетители е ограничен. Се аплира на запазување на мерките за заштита од Ковид-19 според официјалните протоколи. Носењето на заштитна маска е задолжително, се препорачува употреба на средства за дезинфекција и одржување соодветното меѓусебно растојание.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“