Моцартовата „Така прават сите“ во Битола, Скопје и Тетово

Од:

Македонската опера и балет и Фестивалот на класична музика „Интерфест“-Битола ја најавија  премиерата на операта „Така прават сите“ од Волфганг А. Моцарт. Режисер на операта во два чина е Цветан Стојановски, а диригент Саша Николовски-Ѓумар. Премиерата е задутре за отворање на 23.  „Интерфест“ во Битола, на 4 октомври ќе биде изведена во МОБ, а на 7 октомври во Тетово.

Уметничкиот директор на МОБ Ѓорѓи Цуцкувски на прес-конференција рече дека постановката е дел од активностите по повод 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија, кои МОБ ги одбележа и со балетот „14 часа“ пред десетина дена во Виена.

– „Така прават сите“ е една од најизведуваните Моцартови опери, која во продукција на МОБ се изведува по 42 години. Идеја на МОБ е да дава постојана можност за афирмација на млади и потенцијални оперски таленти, така што покрај реномираните Благица  Поп Томова, Владимир Саздовски и Катерина Стојановска, публиката ќе има можност да ужива во најталентираните, се уште неетаблирани македонски оперски пејачи, рече Цуцковски.

Оперскиот првенец Цветан Стојановски, овојпат како режисер, искажа задоволство што работел со млади солисти кои, како што  рече, му дале голема  енергија. За операта рече дека Моцарт ја напишал една година пред крајот на животот, заедно со либретистот Лоренцо да Понте.

– Еден исклучително моќен тим кој направил нешто што останува свежо до ден-денес… Проектот обилува со она што го замислиле Моцарт и Да Понте – нешто што како тема никогш не завршува. Така прават сите – љубов и прељуба, рече Стојановски.

Сценограф на оперската претстава е Зоран Николовски, костимограф Марта Трендафилова, а кореограф Олга Панго.

Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на фестивалот „Интерфест“, рече дека веќе нема влезници за премиерата во Битола  зашто просторот е помал (околу 400 места во театарот). Фестивалот ќе трае од 2-ри до 12 октомврии со гости од Италија, Германија, САД, Бразил… и ќе бидат застапени сите гудачки и жичени инструменти.

– „Интерфест“ е исклучителен фестивал зашто негува само класична музика, од барок до модерна. И оваа година ќе има мајсторски школи, рече Шперовиќ-Рибарски.

„Интерфест“ ќе заврши на 12 октомври со концерт на виолинистите Ана и Олег Кондратенко и пијанистката Марија Вршкова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет