„Мобил фестивал“ со програма „Синематик“ посветена на филмските монтажери

Од:

Седмиот „Мобил фестивал“ продолжува со тридневна програма „Синематик“ која ги става во фокус филмските монтажери. „Синематик“ ќе опфати четири проекции на долгометражни филмови во соработка со Eye on Films од Франција – платформа за поддршка на први и втори играни филмови на режисери.

Во рамките на оваа програма Асоцијацијата на филмски продуценти на Македонија ќе додели признание за најдобриот филм. Ќе бидат прикажани по два филма во двата дена, во Џебното кино во Младинскиот културен центар, од 19 и од 21.30 часот.

Програмата ќе почне вечер со проекција на филмот „Псевдоним“. Специјален гостин е режисерот Тиери Себан, кој по прикажувањето на филмот ќе одговара на прашања од публиката. Во вториот термин вечер ќе биде прикажан филмот „Лицемери“ од Вало Тоомла. Влезот е бесплатен.

– „Мобил фестивал“ почна како прв Меѓународен фестивал на филмови снимени на мобилен телефон во Македонија. Во изминатите седум години се обидува да фати чекор со времето и технологијата. Програмата „Синематик“ се надоврзува на оваа мисија и од годинава сака да им оддаде почит на монтажерите за нивната работа и да се осврне на постпродукциската работа на филмот, посветеноста, иновативноста и квалитетот во областа на филмската монтажа и постпродукција, соопштија организаторите.

Во рамки на „Синематик“ на 12 декември ќе биде одржана и работилница за монтажа, насловена  „Онлајн промоција на филмски трејлери“, која ќе ја води монтажерот Атанас Георгиев.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата