МОБ ќе ги одбележи Европските оперски денови

Од:

Првпат низ Европа во времетрање од една недела ќе се прослават Европските оперски денови. Над 70 оперски институции од 18 држави, меѓу кои и Македонија, и оваа година ќе ги отворат своите врати од 5 до 14 мај за публиката нудејќи им содржини посветени и инспирирани од операта.

Македонската опера и балет со премиерата на детската оперета „Пролетна приказна“ од Стојан Стојков ќе ги прослави „Европските оперски денови 2017“. Премиерата е предвидена за 20 мај од 12 часот на малата сцена на МОБ. Режијата е на Трајко Јордановски и Теа Богатиновска, диригент на детскиот хор „Фалсето“. Публиката ќе има можност оваа претстава да ја погледне на 20 и 21 мај од 12 часот на малата сцена на МОБ.

Детската оперета „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков го отсликува будењето на пролетта и природата. Музичкиот израз на делото кореспондира со естетските и технички елементи прилагодени на возраста на децата од предучилишна и училишна возраст, а хармонските елементи во него се едноставни, со јасна тонална подлога.

Делото ги содржи сите формални елементи на жанрот опера: хор, солисти, дуети, балет и инструментална подлога, а во него авторот внесува и наратори кои ја водат приказната преку рецитативната форма.

– Повеќе од евидентна е потребата за создавање музичко-сценско дело за деца. Ваквата форма е дефицитарна не само кај нас туку и на интернационално ниво. Тргнувајќи од овој факт, јас се согласив да го создадам оваа музичко-сценско дело, кое се надевам ќе предизвика интерес кај нашата најмлада музичка публика, изјави диригентот Теа Богатиновска.

Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура. Главна активност на малите хористи е учеството во оперските претстави на големата сцена каде тие добиваат можност да настапат рамо до рамо со реномирани уметници.

Европските оперски денови се посветени на прославување на операта и нудат можност да се посетат оперските институции. Тоа е иницијатива на Opera Europa, европска организација за професионални оперски компании и фестивали и RESEO, Европска мрежа за оперско-балетска едукација. Соработката помеѓу МОБ и Opera Europa почна во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска