МОБ ќе ги донира парите од продадените билети од претставата „Мадам Батерфлај“

Од:

Македонската опера и балет одлучи парите од продадените билети за претставата „Мадам Батерфлај“, што ќе се изведе на 3 април, да се донираат во хуманитарни цели.

МОБ се одлучи за оваа акција по апелот за помош на семејството Ристески, мајката Марина и таткото Јован и нивниот тригодишен син Александар кои живеат во село Долгаец, во близина на Прилеп. На ова семејство му е потребен топол дом, за малиот Александар да има безгрижно детство заедно со своето семејство.

Претставата ќе се изведе во вторник во 20:00 часот, а цената на билетот се 300 денари.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска