МНТ со „Животот на Молиер“ на фестивал во Анталија

Од:

Македонскиот народен театар утре и задутре пред турската публика ќе ја изведе претставата „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, во режија на Александар Поповски, на шестиот Интернационален театарски фестивал во Анталија.

– МНТ е единствен учесник од Балканот на фестивалот, кој од 17-ти до 27 мај 2015 се одржува во организација на Државниот театар од Анталија. Покрај ансамблот на Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе настапат и реномирани театари од Индија, Русија, Романија, Норвешка, Франција и од Турција, соопшти МНТ.

Целта на фестивалот, посочува МНТ, е воспоставување соработка помеѓу Турскиот државен театар и националните театри од целиот свет и развивање долгорочни и креативни односи помеѓу театрите инспирирани од традицијата а кои се стремат да бидат иновативни.

По претставите ќе бидат организирани работилници, отворени настапи, како уличен театар, балетски претстави и концерти.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска