МНТ со „Кец на десетка“ гостува на манифестацијата „Струмица – Град на културата“

Од:

Македонскиот народен театар со претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, вечер ќе гостува на сцената во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, во рамките на манифестацијата „Струмица – Град на културата“ за 2021 година.

Претставата, како што посочуваат од МНТ, е комедија со спонтан хумор кој брзо ја освојува публиката. Текстот има едноставна мисија да ја воведе публиката во хумористичното дејство на претставата кое се одвива во едно сосема нормално семејство што ќе се собере за да го запознае идниот зет, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.

Во претставата играат Александар Микиќ, Тања Кочовска, Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Претставата почнува во 20:00 часот.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска