Млади архитекти ќе и’ пркосат на реалноста со свои идеи и визии

Од:

Вечерва во 20.30 часот во Младинскиот Културен Центар ќе се отвори изложба на дипломски проекти на генерацијата запишана во 2006 година на Архитектонскиот факултет во Скопје. Изложбата насловена како „СТАВ“ ги претставува младите идни архитекти кои ќе и пркосат на реалноста – со нови и свежи идеи за тоа каков треба да биде изгледот на Скопје и пошироко.

„На оваа изложба сакаме да ги промовираме нашите проекти кои имаат еден свеж и зрел став кон архитектурата, кои покажуваат една нова визија за иднината на нашата архитектура. Оваа иницијатива покажува дека има многу проекти кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети. Затоа сакаме тие да не останат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните архитекти.

stav

– Меѓу проектите ќе видите културни центри, винарии, реадаптации на нашуштени индустриски објекти, планетариуми, урбанистички проекти, проекти за заживување на македонските села, нови градски центри, облакодери и многу други архитектонски и урбанистички проекти. Се со цел да покажеме една разновидност и еден наш став за различните сфери во архитектурата“, се вели во соопштението на организациониот борд на изложбата.

Покровител на изложбата е Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ).

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска