Младинскиот културен ценар- МКЦ и кино Милениум ги одложуваат настаните до крајот на препораката за заштита против ширењето на коронавирусот.
„За сите нови термини навремено ќе информираме, a публиката која што има купено билети за некој од бројните настани во следниов период, истите ќе може да ги искористи за новите термини. За било какви други информации тимот на МКЦ ви стои на располагање. Се гледаме наскоро…“ стои во нивното соопштение.