Министерот за култура се оградува од штетите во МНТ што ги направиле навивачите „Шврецери“

Од:

По сканадлозната информација дека Македонскиот народен театар во петокот претрпел материјална штета на ентериерот по прославата на 30. годишниот јубилеј на навивачката група „Шверцери“ од Министерството за култура информираат дека во МНТ било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група.

„Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата“, стои во дописот на Министерството за култура.

Утрово во МНТ се повикани екипи на МВР да ги проценат штетите што биле направени по дивеењето на навивачите кои влегле во МНТ да го проследат документарниот филм снимен за нивниот јубилеј.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

МНТ со мултимедијален проект ќе одбележи 80 години, за драмска дејност годинава има 6,3 милиони денари

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он