„Метаморфоза“ – ликовен перформанс под отворено небо

Од:

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)вечер, во рамки на „Скопско лето 2014“, ја организира изложбата „Метаморфоза“.

Станува збор за ликовен перформанс што ќе се одржи под отворено небо на повеќе локации, пред Домот на АРМ и на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“.

Куратор е Христијан Санев, ликовен уметник и член на раководството на ДЛУМ, а учествуваат повеќе автори, Гордана Вренцоска, Исмет Рамиќевиќ, Деспина Крстевска, Филип Фидановски, Ели Аиноска, Јана Манева Чупоска и Јовица Мијалковиќ.

– Во оваа брзо и хаотично секојдневние на интереси, во областа на истражувањето, уметниците се движат во две насоки, едната води кон човекот (авторот) внатрешно, во потрага по приватни простори и лични идентитети, а вториот кон надвор, неговата околина, во потрага по нови светови и нови хоризонти. Современиот визуелен дискурс во двата случаја нуди нови интригантни можности во изразувањето, неограничувајќи го ликовниот говор, притоа ширејќи ја ликовната синтакса во импозантни неограничени размери, вели Санев.

Дел од авторски дела ќе може да се видат само во одредено време – ликовниот перформанс на Јовица Мијалковиќ во 20:30 на плоштадот „Филип Втори“, ликовно- театарскиот перформанс на Јана Манева Чупоска во 21 часот пред излогот на продавницата „Калиопе“ и ликовниот перформанс на Филип Фидановски во 22:30 пред ресторанот „Тиволи“. Останатите дела ќе бидат поставени целата вечер, од 20 до 24 часот.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022