Меморијална изложба „Сеќавање на една уметност“ на петмина струмички уметници

Од:

Во галеријата на НУ Музеј Струмица, вечерва ќе биде поставена меморијална изложба „Сеќавање на една уметност“ на петмина струмички ликовни уметници. Поставени ќе бидат шеесетина дела на Атанас Мучев, Василка Христова, Стојан Пачов, Момчило Петровски- Момо и Стојче Гоцков, уметници кои се родиле и твореле во Струмица. Најголемиот број од делата за првпат ќе бидат изложени пред струмичката јавност, велат организаторите од Центарот за уметност Транзен.

– Хронолошки, најстар уметник од изложените е Василка Христова, која е прв дипломиран уметник педагог во Белград во 1936 година. Тука е и Атанас Мучев исто обучен на ликовната школа во Белград. Од помладите Момчило Петровски-Момо кој е авангарден уметник. На проектот работевме 4 месеци и 90% од делата за првпат ќе бидат изложени пред струмичката јавност, вели Никола Пијанманов, проект менаџер на изложбата.

Делата се работени во различни техники, а некои од нив биле во многу лоша состојба. Пијанманов вели дека дел од делата поминале низ процес на чистење, реставрација и повторно врамување. Од Транзен апелираат дека најважно е да се сочува поставката како уште еден доказ за историско-културниот континуитет на македонскиот народ.

– Проектот е макотрпно работен, опфатени се над 20 фамилии кои во приватна сопственост ги имаа делата. Тешко е да се собере изложба и жално е што ќе трае еден месец. Најдобро е да има спомен соба во некоја од зградите на нашите институции заедно со артефактите кои ќе бидат изложени, четките на некои ументици, палетата на Стојков, последните скулптури на Момо. Тоа е суштитната на битот, тоа е културниот идентитет кој мора да го чуваме, да видиме како хронолошки се издигнал овој народ, од раните почетоци на 20 век, минувајќи низ страшни премрежја, низ две војни. Сите овие уметници издржале и биле авагнгардни, модерни, додава Пијанманов.

Проектот „Сеќавање на една уметност“ е финансиски поддржана од Г1 Програмата на општина Струмица, во соработка со НУ Завод и Музеј Струмица.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“