„Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ е насловена втората меѓународна научна конференција која денеска и утре ја организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови кои се одржуваат од 13-ти до 17 ноември.
На конференцијата се најавени 68 учесници, 33 повеќе од првата меѓународна конференција минатата година.
Покрај од Македонија, ќе учествуваат лингвисти од седум земји: Босна и Херцеговина, Косово, Полска, Русија, Словенија, Србија и Хрватска.