Меѓународна фолклорна ревија во Куманово и Старо Нагоричане

Од:

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“, со поддршка на општините Куманово и Старо Нагоричане организира Меѓународна фолклорна ревија, која ќе се одржи утре во Центарот за култура, а во сабота на плоштадот во Старо Нагоричане. Љубителите на фолклорот ќе можат да проследат настапи на седум културно уметнички друштва од државата и соседството.

– На оваа ревија ќе учествуваат четири КУД од Македонија, ансамблот Битола, етничко студио „Етнос“ од Скопје, „Тримери“ од Струмица и Куманово „Панче Пешев“. Од надвор ни се гостите од Косовска Митровица, каде учествувавме на неколку фестивал и оваа година освоивме и гранд при и повеќе први награди, потоа КУД Лазарица од Крушевац и Младост од Бугарија. Ќе имаме седум културни уметнички друштва, седум култури, организирани два вечери, изјави Мирослав Крстевски, претседател КУД „Панче Пешев“.

Организаторите информираа дека првично било замислено манифестацијата да се одржи на плоштадот, но поради временските услови ќе биде во затворен простор.

Манифестацијата ќе биде најава за Првиот меѓународен фестивал кој што е планирано да се одржи наредната година, по повод 500-те години од постоењето на Куманово. Меѓународната фолклорна ревија ќе започне во 20 часот, а доколку дозволат временските услови во 19 часот е предвидено дефиле низ централното градско подрачје. Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска