Меѓународен фолклорен фестивал за деца „Сонценца“

Од:

Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија во соработка со битолските културно уметнички друштва „Илинден“ и „Плетенка“ од денеска до 11 септември се домаќини на 500 деца од Србија, Полска и Македонија кои ќе учествуваат на Меѓународниот фолклорен фестивал за деца – „Сонценца“.

Паралелно со фестивалот „Сонценца“ во Битола ќе се одржуваат и фолклорни смотри, најави Антонио Димитровски, претседател на Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија.

– Денот на независноста на Република Македонија го славиме на најубав можен начин, со меѓународна промоција нашиот македонски фолклор кој ќе го презентираат децата, иднината на културно уметничките друштва од нашата држава. Но, славиме заедно со децата и нивните фолклорни ментори од Полска и Србија. Учесниците ќе приредат концерти, а ние како добри домаќини ќе им овозможиме во наредните денови освен Битола да го видат и Охрид каде исто така ќе имаат настап на отворено, посочи Димитровски.

На меѓународниот фолклорен фестивал за деца учествуваат ансамблите „Сиерадцка“ и „Ждунсковолание“ од Полска, српските ансамбли „Ера“-Ужице, „Буњевачко коло“-Суботица и ЦНТК „Абрашевиќ“-Крагуевац, и македонските културно уметнички друштва „Илинден“ и „Плетенка“ од Битола чии членови во своите домови ќе бидат домаќини на гостите од странство.

– На фестивалот ќе учествуваат 500 деца на возраст од 7 до 15 години како меѓународен стандард за овој тип на фестивали. Првиот концерт ќе се одржи вечер од 18.30 часот во големата сала на битолскиот Центар за култура, а концерти освен во Охрид ќе има и на плоштадот „Магнолија“ и во Градскиот парк во Битола, потврди Драги Филевски, потпретседател на КУД „Илинден“-Битола.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска