Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2017“

Од:

Фолклорни друштва од Полска, Турција, Австралија, Србија, Романија и домаќинот, Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“ од Македонија учествуваа на осмиот меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба“.

На фестивалот, како што соопшти општина Гази Баба, фолклорните друштва настапија со песни и игри, претставувајќи дел од фолклорот и традицијата на своите држави.

Фестивалот се одржа во рамки на Културно лето „Гази Баба 2017“. Организатор на фестивалот е општина Гази Баба во соработка со Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“, а поддржан од Министерството за култура.

Фестивалските вечери се одржаа пред голем број посетители на неколку локации во Гази Баба: плоштадот во Автокоманда, во дворот на ОУ„Наум Охридски“ во Булачани и во Железара во дворот на ОУ „Григор Прличев“.

На дел од програмата присуствувале градоначалниците на Гази Баба и на Град Скопје, Тони Трајковски и Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска